Најкорумпирани професии се лекарите, професорите и полицајците

Нивото на корупција во македонското општество е на загрижувачко ниво. Според методогија која се применува во цела ЕУ, која ја мери не само перцепцијата, туку и реалното искуство на граѓаните, најкорумпирани професии се лекарите, професорите и полицајците, објаснува во интервју за Инбокс 7, Александар Кржаловски, прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

– Виктимолошката анализа покажува дека само ако корупцијата е помала од 5% може да се сузбие, а резултатите до истражувањето во сите области во државата покажуваат корумпираност над 5% – вели Кржаловски, и додава дека треба уште многу да се работи за да се подобри сликата во Македонија.
Според него невладиниот сектор е потребно да се ослободи од зависноста од странските донации.
„За да не мислат граѓаните дека сме „странски шпиони“ или застапници на странските интереси во Македонија, Владата да го отвори буџетот за невладините организации“, вели тој во интервуто за Инбокс 7.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.