Најкрвава година досега во Сирија

Минатата 2013 година, досега била најкрвава од почетокот на граѓанската војна во Сирија: повеќе од 73.000 лица загинале во борбите кои продолжуваат без изгледи за решение.

Сириската Опсерваторијата за човекови права (ОСДХ) кој вчера го објави овој биланс, ја обвини „меѓународната заедница за соучесник во крвопролевањето во Сирија“ поради “недостаток на сериозна акција“ да се прекине војната.

Годината „2013 беше најкрвава од почетокот на револуцијата“ 15-ти март 2011 со 73.455 мртви од кои повеќе од 22.000 цивили, вели за АФП директорот на ОСДХ, Абдел Рахман.

Во вторникот оваа невладина организација со седиште во Велика Британија, кој се потпира на широка мрежа од државни, здравствени и воени извори објави сеопфатен биланс за 130.000 жртви од избивањето на насилството, вклучувајќи 7.000 деца.