Најладно во Струмица -17, во Маврово 52 сантиметри снег

снег

Како што соопшти УХМР, снежната покривка измерена во 7 часот е највисока во Маврово 52 сантиметри, а најниска еден сантиметар во Дојран. Во  Лазарополе 42, 36 во Пожаране, 33 во Тополчани, 28 Берово,  25 Дебар,24 Ѓуриште, 23 Крушево,  19 Битола, 16 Кр. Паланка, 15 Куманово, Струмица, Претор, 12 Виница,11 во Д. Капија, Штип и Охрид, 10 во Скопје и Прилеп и 2 во Гевгелија.

Не се регистрирани нови врнежи.

Времето утрово е променливо облачно со сончеви периоди и со слаб, а на повисоките места и на планините  дува слаб до умерен ветер од јужен правец. По одделни котлини има појава на слаба магла.

Ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди. Во текот на денот ќе има затоплување. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне и кон крајот на денов во западните делови на планините ќе има повремен снег, на повисоките места со дожд и снег, а на пониските од  дожд. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла.

Температурата ќе достигне од -1 до 5 степени.

Во Скопје, променливо облачно  со сончеви периоди и со слаб  јужен  ветер, ќе има  појава на слаба магла. Температурата ќе достигне до околу 3  степени.

Oд понеделник нашето подрачје ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови од Медитеранот, па времето ќе биде претежно облачно со повремени  врнежи   претежно  од дожд, на некои  повисоки места о дожд и снег, а на планините од снег.