Најлошите совети за диета што сте ги слушнале

Ви се чини дека секој пат кога ќе одлучите да држите диета станува популарна некој нов режим на исхрана, за кој што се тврди дека ете токму тоа е најздрава варијанта и дека со неа ќе загубите повеќе килограми?

Денес сме окружени со голем број трендови, од диети што забрануваат маснотии или јаглен – хидрати до оние во кои што не се консумираат млечни производи.

Нутриционистите открија кои се најлошите совети за диета што ги слушнале и до кои никако не треба да се држите.

Нутриционистите открија кои се најлошите совети за диета што ги слушнале и до кои никако не треба да се држите.
Нутриционистите открија кои се најлошите совети за диета што ги слушнале и до кои никако не треба да се држите.

Немојте да јадете по 8 часот навечер

Ако вежбате навечер ова правило во целост е апсурдно. Ако јадете еден час или два пред спиење, нека вашиот последен оброк не преминува 500 калории. Здравиот оброк во седум, осум или дури во девет часот навечер ќе ви одговара и нема да ви донесе дополнителни килограми. Ако оброкт е богат со житарки, со зеленчук и малку протеини слободно можете да го јадете и по 8 часот.

Брзо ќе ослабите ако јадете помалку и ако вежбате повеќе

За овој совет нутриционистите наведуваат дека е најлош од сите и тврдат дека ако губењето на килограмите е толку лесно, тогаш цел свет би бил слаб.

Пијте диетални сокови наместо обични

Според нутриционистите токму диеталните сокови се најголеми непријатели на здравата тежина.
Според нутриционистите токму диеталните сокови се најголеми непријатели на здравата тежина.

Според нутриционистите токму диеталните сокови се најголеми непријатели на здравата тежина. Истражувањата покажаа дека редовното внесување на диетални сокови може да биде поврзано со зголемениот ризик од дијабетес тип 2. Секогаш подобра опција е да пиете обична вода или зелен чај.

Исфрлете ги јаглен – хидратите

Овој совет нутриционистите исто така го мразат затоа што велат дека правилната исхрана не елеминира ниту еден производ. Наместо тоа, треба да научиме како производите што ги сакаме, како што се тестенини, леб и компир да ги подготвиме на поздрав начин. Научите како да сервирате здрави порции и секогаш прво посегнете за интегрални верзии на јаглен – хидрати.

Исфрлете ги шеќерите

Голем број луѓе сметаат дека шеќерот е главен непријател на добрата линија. Вистина е дека вишокот на калории од дополнителниот шеќер во соковите, бомбоните, десертите може да придонесе за дебелеење и за зголемување на ризикот од дијабетес. Сепак сите шеќери не се еднакви. Природните извори на шеќери како од свежото овошје пружаат важни хранливи состојки, а и мали количества шеќер неможат никому да му наштетат.