Најмалку пет загинати во судар на два хеликоптера во Франција

Најмалку пет лица загинале во судар на два воени хеликоптера на југот од Франција, пренесуваат во петокот француските медиуми.

Спасувачките екипи трагаат по шесто лице настрадано од едното од двете летала во несреќата којашто се случила во југоисточниот департман Вар, 50 километри северно од монденското Сен Тропе, пренесува агенцијата AFP.

Засега не се познати причините за сударот. Двата хеликоптера ѝ припаѓале на школа за летање којашто ги обучува воените пилоти.