Најмалку 1.375 лица загинале во Ирак во јанураи

Минатиот месец во бомбашките напади и другите судири во Ирак погинале најмалку 1.375 лица, од кои 790 се цивили, а останатите припадници на војската и полицијата, соопшти денеска мисијата на Обединетите нации во Ирак (УНАМИ).

Во соопштението се наведува и дека во текот на јануари во Ирак биле повредени најмалку 1.469 цивили и 771 полицајци и војници, пренесоа американските медиуми.

Меѓу градовите, најмногу настрада Багдад, во кој минатиот месец погинале 256, а биле повредени 758 цивили.

Според податоците на УНАМИ, 2014 годјна беше најсмртоносна година во Ирак од 2006 и 2007 година наваму, при што лани погинале вкупно 12.282 лица, а повредени биле 23.126 лица.

Податоците на ОН за бројот на погинати во Ирак во минатата година, меѓутоа, не ги опфаќа подрачјата кои се под контрола на Исламска држава, а кои покриваат околу третина од територијта на Ирак.