Најмалку 10.000 лица протестираат на плоштадот „Независност“ во Киев

Над 10.000 лица продолжуваат да протестираат против владејачката политика на земјата, на плоштадот „Независност“ во Киев, пренесуваат локалните медиуми.

Демонстрантите ги исполниле улиците околу зградата на претседателството во Киев.

Пред толпата демонстранти е распореден кордон од волонтери кои ја одвојуваат толпата од вработените во органите на редот, кои пго контролираат протестот, за да не дојде до судир.

Гневот на украинскиот народ се ослободи по одлуката на претседателот да го одложи потпишувањето на договорот за асоцијација меѓу Украина и Европската унија.

Илјадници луѓе излегоа на протест во цела Украина.

Досега нема информации за настанати судири и немири.