Најмалку 10 џамии се вон контрола во Албанија

џамии

Освен џамијата „Нов прстен“ во Тирана, како проблематични се и џамиите во Зал Хер, во едно село во Либражд во селото Лешница кај Подградец, во Рашбул кај Драч, џамија во Скадар и џамијата во Церик.

За џамијата во Церик, според тиранската телевизија Топ чанел, со месеци се преговара за да се стави под контрола, а пред некој месец под јурисдиксија ставена е џамијата „Мезез“ која претходно беше на списокот на проблематичните џамии, чиј прв човек беше имамот Бујар Хиса, веќе осуден за тероризам.

Муслиманската заедница се уште не зборува за џамиите кои се вон контрола односно или поинаку кажано со нив раководат самопрогласени имами.

Единствена официјална изјава околу ова прашање беше пред една година од страна на тогашниот прв човек на Комитетот за верски заедници Илир Диздари по разузнавачки извештај, каде се наведува дека во Албанија надвор од контрола се 80 џамии.

Врз која основа и критериуми се кажува дека над 80 џамии, се вон контрола? Ние имаме 200 затворени (нефункционални) исто како што има затворени објекти од другите верски заедници, изјави Диздари на 16 декември 2015 година.

И до ден денес, една година по оваа изјава, наведува телевизијата, ни Муслиманската заедница а ни државните институции не даваат официјални податоци што се случува со џамиите кои се вон контрола.

Она што се знае е дека дел од оние кои ги посетуваат споменатите џамии се под лупата на тајната служба и другите институции и поради поврзаноста, фамилијарна или општествена, со албански државјани кои војуваат во Сирија.

Пред две години беа уапсени девет лица, главно имами и под обвинение за пропаганда, регрутирање и испраќање млади во Сирија,н еодмна беа осудни со вкупна затворска казна во траење од 123 години.

Највисока казна, 17 години затвор, доби Генц Бала, самопрогласениот имам од тиранската џамија „Нов прстен“. Истата и понатаму не е под контрола на Муслиманската заеднива а а нејзин имам е Арманд Али,кој по изгледот и облеката, потсетува на неговиот претходник.

И пред две недели четворицата уапсени албански државјани,кои требало да бидат логитичка подршка на косовските кои планирале терористички напад на натпреварот Албанија-Израел, биле редовни посетители на оваа џамија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.