Најмалку 10 загинати во рударска несреќа во Кина

Најмалку десет лица загинале при експлозија во рудник во провинцијата Гуижу во Кина, пренесува РИА „Новости“. Несреќата се случила пред полноќ по локално време. Во моментот на експлозијата во рудникот се наоѓале 130 рудари. Спасувачките екипи досега извлекле 10 тела.

Кинсеката рударска индустрија се смета за една од најопасните во светот бидејќи на годишно ниво има повеќе од илјади жртви.

Во последните неколку години, властите воведоа мерки за зголемување на безбедноста во овој сектор. Во изминатиот период повеќе од десет компании ја изгубија лиценцата за работа поради кршење на безбедносните мерки.