Свет

Најмалку 10 жртви од сообраќајка на руско- финската граница

Најмалку 10 жртви од сообраќајка на руско- финската граница

Во директен судир на минубис и камион за превоз на дрва во северозападниот дел на Русија загинале 10 лица, пренесуваат руските медиуми.

Несреќата се случила на автопат во близина на местото Брусничоје, покрај границата со Финска, стои во соопштението на локалните власти.

Минибусот, во кој во моментот на несреќата имало 12 патници, е во сопственост на превозна компанија од Санкт Петерсбург.

Руското Министерство за внатрешни работи отворило истрага поврзана со причините за оваа несреќа.