Најмалку 10 жртви во гранатирање на патнички автобус во Украина

Артилериска граната погоди патнички автобус на контролен пункт на владината армија во источна Украина, при што загинаа најмалку десет лица, а тринаесет се ранети, пренесоа британските медиуми.

Според армискиот портпарол, инцидентот се случил во близина на градот Волноваха, јужно од Доњецк. Според него, автобусот превезувал цивили од градот Мариупол.

Американските медиуми го цитираат соопштението на владината администрација во Доњецката област, според кое, автобусот бил гранатиран од сепаратистичките бунтовници.