Најмалку 10 жртви на Ирма на Куба, вкупно 38 на Карибите

Најмалку десет луѓе ги загубиле животите во налетот на ураганот Ирма низ Куба за време на викендот, соопштија во понеделникот кубанските власти.

Со тоа, бројот на жртви од ураганот Ирма на Карибите се искачи на 38.

Во соопштение на кубанските власти се нагласува дека жртвите ги загубиле животите во несреќи, уривање на објекти и поради непочитување наредба да се евакуираат.

Жртвите се од четири кубански градови Хавана, Матанзаса, Санкти Сприритуса и Сиега де Авил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.