Најмалку 100 африкански мигранти се удавиле во Либија

Најмалку 100 африкански мигранти, меѓу кои и пет деца, се удавиле во близина на либискиот брег при обид да пристигнат на европска територија..

Телата на мигрантите се пронајдени покрај брегот на либискиот град Ал-Карбули, на 50 километри источно од Триполи.

Нивниот брод, во кој се наоѓале вкупно 250 луѓе, потонал во петокот ноќта, а либиската крајбрежна стража и понатаму е во потрага по преживеани.