Балкан

Најмалку 11 бегалци се удавија во Егејско Море

Најмалку 11 бегалци се удавија во Егејско Море

Грчката крајбрежна стража соопшти дека најмалку единаесет бегалци, од кои шест деца се удавиле денес на грчкиот остров Самос, во новиот инцидент со чамец во Егејско Море.

Чамецот пловел од турскиот брег и во еден момент се превртел.

Десетици бегалци загинаа изминатите денови во слични инциденти покрај грчките острови во Егејското Море.