петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 28

Најмалку 11 полицајци убиени во бомбашки напад во Турција

Најмалку 11 полицајци се убиени, а 70 лица се повредени во бомбашки напад врз полициска станица во градот Чизре, во југоисточниот дел на Турција. По нападот започнала престрелка меѓу полицијата и напаѓачите, пренесува МИА.

turcija-nemiri

Последни вести

Најмалку 11 полицајци се убиени, а 70 лица се повредени во бомбашки напад врз полициска станица во градот Чизре, во југоисточниот дел на Турција.  По нападот започнала престрелка меѓу полицијата и напаѓачите, пренесува МИА.

Нападот бил извршен од припадниците на Курдската работничка партија (ПКК), кои во утринските часови ја нападнале станицата со камион наполнет со експлозив.

Според официјални претставници, двајца од повредените се наоѓаат во критична состојба.

Патот Ширнак-Чизре е затворен за сообраќај, а голем број згради и продавници се оштетени во нападот.

На местото на инцидентот веднаш биле испратени возила на итна помош.

Чизре се наоѓа во покраината Ширнак, која граничи со Сирија и Ирак и каде живеат голем број Курди.

Најчитани вести