Најмалку 12 загинати во најновите судири во Украина

Најмалку 12 лица го загубија животот, а 46 се ранети во последното деноноќие во борбите во источна Украина.

Според локалните властите на главното упориште на сепаратистите, Доњецк, минатата ноќ во судирите во реонот околу овој град загинале седум цивили, а уште 23 се ранети.

Украинската армија од своја страна соопшти дека во борбите загинале петмина нејзини војници, а 23 се ранети.