Најмалку 13 лица загинаа во САД поради студот и снежните бури

Најмалку 13 луѓе ги загубиле животите последната седмица како последица на екстремно ниските температури и снежните врнежи кои ги зафатија САД, објави телевизијата CNN во четвртокот, кога локалните медиум известуваат за првата голема зимска бура во 2018 година којашто го зафати американскиот североисток принудувајќи го локалните власти да ги затвора училиштата и некои државни канцеларии, а има и нарушувања во сообраќајот.

Смртните случаи се регистрирани во сојузните држави Висконсин, Тексас, Мисури и Мичиген. Најмалку шест лица настрадале од смрзнување, додела другите се жртви во сообраќајни несреќи предизвикани од замрзнатите патишта.

Според синоптичарите, снежни врнежи се регистрирани во источните региони и на атлантскиот брег, а во следните денови може да се засилат. Студените бранови веќе ги зафатија Бостон, во сојузната држава Масачусетс, Филаделфија во Пенсилванија и Њујорк. Во регионите зафатени од невремето откажани се повеќе до 3.000 летови. На трите големи аеродрома во Њујорк, и на меѓународниот аеродром „Логан“ во Бостон откажани се три четвртини од летовите.

Според CNN, десетици илјади луѓе останале без електрична енергија, особено во државите Вирџинија, Северна Каролина и Флорида.

Во Њујорк дневната температура падна на минус 5 Целзиусови степени, но истовремено дуваат силни и студени ветрови, поради што градоначалникот Бил де Блазио нареди затворање на сите училишта. На жителите на метрополата им е препорачано и да не излегуваат без особена потреба од домовите, па медиумите пренесуваат дека била очигледно малата раздвиженост на улиците и во подземната железница.

Екстремните температури се регистрирани и на Средниот Запад. Во Сент Луис, во државата Мисури, температурата се спушти до минус 13 степени, што е за 15 до 20 степени пониско од нормите за овој период од годината. На поголемиот дел од територијата на државата Индија затворени се образовните институции. Властите на Тексас наредија отворање посебни засолништа за бездомниците, коишто се најчесто жртвите на невремето.

И неколку јужни сојузни држави се соочуваат со досега невидени студови. Претходно седмицата во Талахаси, главниот град на Флорида, првпат во последните 29 години падна снег. Во соседната држава Џорџија, според податоците на Националната метеоролошка служба дебелината на снежната покривка во следните денови ќе изнесува од 5 до 10 сантиметри, а во Северна Каролина од 8 до 14 сантиметри. За северниот дел од регионот Нова Англија најавени се 30 сантиметри снег.

Предупредувања за снежна виулица се издаден по должината на брегот од Северна Каролона до Мејн, а метеоролозите предвидуваат ветрови со брзини до 89 километри на час кои може да уриваат стебла и електрични столбови.

Бурата е резултат на брзиот и редок пад на притисокот од 24 милибари во 24 часа, појава којашто некои експерти ја нарекуваат „метеоролошка“ или „циклонска бомба“. Поради тоа се зголемува силината на ветрот и снежните врнежи. Снежната бура го прекина екстремниот студ кој од католички Божик владее во поголемиот дел од оваа област и која ги замрзна водопадите на Нијагара. Меѓутоа, метеоролозите предупредуваат дека температурата во петок може остро да падне и да остане екстремно ниска преку целиот викенд.