Најмалку 13 луѓе загинаа во бомбашки напад во Багдад

Најмалку 13 луѓе загинаа во бомбашки напад во Багдад
Најмалку 13 луѓе загинаа во бомбашки напад во Багдад

Во експлозија на автомобил-бомба во Багдад загинаа 13, а повредени се 28 шиитски верници кои се собрале во светилиштето на имамот Муса ал Кадим.

Се уште никој не презеде одговорност за нападот.

За Исламска држава шиитите се отпадници од верата и се честа мета на џихадистите.

Десетици илјади шиити неделава се собираат во Багдад за да го посетат местото каде е погребан имамот Муса ал Кадим.

Ирачките сили ги блокираа приодните патишта околу Багдад за да спречат евентуални напади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.