Најмалку 13 мртви во Барселона, инцидентот квалификуван како терористички чин (ВИДЕО)

Најмалку 13 лица загинале, а десетици се повредени во четвртокот кога комбе се заби во маса луѓе во центарот на Барселона, објавија шпанските медиуми повикувајќи се на полицијата којашто извести дека инцидентот го третира како терористички напад.

Полицијата на Twitter потврди дека има повеќе мртви и повредени, но не го наведува бројот на настраданите. Меѓутоа, извести дека нападот се смета од терористички чин.

Комбито прегази маса луѓе во популарната туристичка област Лас Рамблас во центарот на Барселона. Медиумите наведуваат дека возачот пешки се оддалечил од местото на нападот.

Се известува дека двајца вооружени мажи се забарикадирале во турски ресторан во центарот на Барселона и дека од тој правец се слушнале истрели. Засега не може да се потврди дали двата инциденти се поврзани.

Каталонските служби за вонредни состојби ги повикаа жителите луѓе да не одат кон централниот плоштад Плаца Каталуња, еден од главниот градски плоштади. Службите побараа да се затворат сите станици на подземната железници во центарот на градот околу познатата туристичка авенија Лас Рамблас.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.