Најмалку 13 загинати при напади во шиитски населби во Багдад

Како што јави ДПА, двата напада биле извршени во багдадски населби каде претежно живеат шиити.

Според очевидци, еден автомобил-бомба експлодирал во близина на трговски центар во населбата Ал Шаб во северниот дел на Багдад. При експлозијата загинале 11 лица, а 25 се ранети.

Во вториот напад, што се случил во Садр Сити во источниот дел на Багдад, бомбаш-самоубиец усмртил две лица, а ранил 12 други.

Досега никој не ја презеде одговорност за нападите. За некои претходни слични вакви напади во Ирак, што се случија изминативе недели, одговорност презеде сунитската џихадистичка група Исламска држава (ИД), која шиитите ги смета за „еретици“.