Најмалку 15 лица се удавија по судир на два брода

Најмалку 15 лица се удавија по судир на патнички брод што пловел по Нил, со товарен брод.

Судирот довел до превртување на бродот, по што тој потонал. Шест лица се спасени, а капетанот на товарниот брод е уапсен.

Спасувачките операции продолжуваат, изјави портпаролот на Министерството за здравство на Египет.

Сообраќајот по Нил е многу преоптоварен, особено во близина на Каиро, каде голем број Египќани празнуваат по светиот месец Рамазан.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.