Најмалку 15 загинати во нападот врз Американскиот универзитет во Кабул

Најмалку 15 лица го загубија животот во напад кој се случи вчера на Американски Универзитет во Кабул.

Полицијата соопшти дека се убиени седум студенти, тројца полицајци и двајца обезбедувачи. Двајцата напаѓачи, кои упаднаа во комплексот на универзитетот, што е обезбеден со висок ѕид, исто така се ликвидирани.

Нападот почна синоќа со самоубиствен напад, а во него има вкупно 44 ранети лица, меѓу кои 35 се студенти.

Полицијата многу бавно реагираше во неутрализирање на напаѓачите, бидејќи во оградениот комплекс на универзитетот имало околу 700 студенти.

До овој момент никој не ја презеде одговорноста за нападот.