Најмалку 16 загинати и над 80 повредени во судири во Либија

Најмалку 16 лица се убиени, а 81 е повреден во судири меѓу либиската армија и исламистички борци во Бенгази, во источниот дел на земјата, соопштија денеска безбедносните сили, пренесе МИА.

„Најголемиот број жртви и повредени се војници. Во ракетен напад се убиени и тројца цивили, меѓу кои еден Египќанец, соопшти анонимен медицински претставник.

Либиските власти немаат контрола над поранешните бунтовници и милиции што помогнаа за соборување на либискиот лидер Моамер Гадафи.