Најмалку 16 загинати во пожар во фабрика за чевли во Кина

Најмалку 16 луѓе загинаа во пожар во фабрика за чевли во источно-кинескиот град Венлингу, во провинцијта Џеџанг, пренесува кинеската државна телевизија.

Според информациите на овој медиум, на пожарникарите им биле потребни три часа да го изгаснат пожарот и дека претходно спасиле повеќе од 20 луѓе.

Причината за пожарот се уште не е соопштена, а АП наведува дека фабриките за чевли често содржат големо количество лепак и други запаливи хемикалии. Во Кина, се чести индустриските несреќи, а во последната поголема несреќа, во пожар во фабрика во јуни, загинаа 121 лице.

Тој пожар беше од помал обем, но истражителите утврдија дека сите безбедносни излези во фабриката биле блокирани, па вработените не можеле да излезат.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.