Најмалку 17 деца загинаа во сообраќајна несреќа во Индонезија

Најмалку 17 деца загинаа во сообраќајна несреќа во северниот дел на индонезискиот остров Суматра.

Според првичните информации камионот, со кој патувале околу 50 деца, поради оштетување на гума излетал од патот и паднал во длабока бездна.

На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.