ФОТО: Најмалку 10 мртви во метрото во Брисел

Во експлозијата во метро станицата Моленбег во белгискиот главен град Брисел, кусо време по детонациите на аеродромот во овој град, загинале најмалку 10 лица, јавува руската новинска агенција Итар Тасс, повикувајќи се на полициски информации, пренесува Нетпрес.

Според објавеното, густ чад излегува од метро станицата во белгиската престолнина. И во овој случај претпоставките се дека станува збор за детонација на две експлозивни направи.

Бриселските власти соопштиле дека сите станици на подземната железница во градот се затворени, а безбедносните сили се во највисок степен на тревога.

metro-brisel

metro-brisel