Најмалку 17 загинати во поплавите во Мароко

Најмалку 17 лица настрадаа, а уште 18 се водат за исчезнати во поплавите предизвикани од силното невреме на југот на Мароко, соопштија денеска мароканските власти.

Во градот Гуелмим, на југот од земјата, настрадале 13 лица, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи, известија мароканските медиуми.

Продолжува потрагата по исчезнатите во регионите Гуелмим, Агадир, Оуарзазате и Маракеш, кои беа погодени од исклучително силно невреме, пренесоа американските медиуми.

Локалните медиуми информираат дека градот Маракеш, што е особено популарен кај европските туристи, исто така, е поплавен и дека сообраќајот во ова подрачје е во прекин.

Десетици куќи се делумно или сосема уништени, а 100 патишта се отсечени, вклучувајќи и шест национални сообраќајници.