Најмалку 18 џихадисти убиени во судири со курдските сили во Сирија

Најмалку 18 џихадисти од групацијата „Исламска држава“ се убиени вчеравечер во судири со курдските сили покрај градот Ајн ал Араб во северна Сирија.

Меѓу убиените има и еден Кинез, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

ИД направи голем прогрес во тој регион, заземајќи 60 курдски села за период од 48 часа, од кои 40 беа заземени вчера.

Според Центарот жестоки судири има и денеска.

Претседателот на ирачкиот автономен регион Курдистан, Масуд Барзани ја повика вчера меѓународната заедница да ги употреби сите средства за да го заштити Кобани од џихадистите. Во градот живеат над половина милион лица.