Најмалку 18 мртви во железничка несреќа во ЈАР

Патнички воз удри во камиот на премин во централниот дел од Јужноафриканската Република во четвртокот при што загинаа најмалку 18 лица, а уште 260 се повредени, соопштија локалните власти.

Според очевидци, возот излетал од шините и се запалил по сударот со камион во Кроонстад, 200 километри југозападно од Јуханесбург, во околности коишто сѐ уште се истражуваат. Возачот на камионот е хоспитализиран и подвргнат на алкотест.

Се стравува дека бројот на жртвите може да биде поголем, бидејќи во вагоните кои се запалиле имало уште луѓе.

Возот во кој имало повеќе стотици патници, сообраќал од Порт Елизабет, на југот од земјата во Јоханесбург, соопшти железничкиот оператор „Shosholoza Meyl“ кој ги одржува долгите железнички релации во ЈАР.

Несреќата се случи во периодот кога многу Јужноафриканци патуваат поради за завршувањето на новогодишните празници, кога луѓето се враќаат на работа и почнувањето на училишните распусти.

Последната голема железничка несреќа во земјата се случи во 2015 година кога воз налета на минибус на железнички премин, кога загинаа 15 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.