Најмалку 18 жртви во самоубиствен напад во Авганистан

Најмалку осумнаесет лица загинаа во самоубиствен напад во Авганистан.

Од нив шест се војници на НАТО, десет се авганистански цивили, а останатите двајца се полицајци.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.