Најмалку 181 жртва во уривањето на алжирскиот воен авион

Според последните информации, службите за спасување извлекле 181 тело од местото на падот на воениот авион од типот „Илјушин Ил-76“ кој се урна во средат близу аеродромот Буфарик, јавува телевизијата En-Nahar.

Првичните информации од министерстсвото за вонредни ситуации на Алжир, во несреќата загинале 105 лица.

Авионот се урнал во близина на аеродромот Буфарик во покраината Блида, само неколку минути по полтувњето и се запалил. Очевидци изјавиле дека на авионот особено бил оштетен предниот дел.

Вкупно со авионот „Ил-76“ можело да има 250 воени лица. Според теелвизијата Аl Аrabiya, која се повикува на воен извор, никој не ја преживеал несреќата. Меѓу загинатите се и припадници на Полисарио (Народниот фронт за ослободување на Западна Сахара – з.р.

На местото на несреќата пожарот го гаснат 14 противпожарни единици, а околу триесетина амбулантни возила и 300 спасувачи се упатени во областа.

Извори соопштиле дека спасувачките служби пронашле еден настраден во критична состоба, но тој не бил меѓу патниците во леталото. Најверојатно, станува збор за лице кои во моментот на несреќата се наоѓало во зоната на падот.

Министерството за одбрана на Алжир, без да изнесува какви и да се инфомрации, објави дека формирало комисија за истражување на несреќата.