Најмалку 19 лица загинаа со сообраќајка во Египет

Најмалку 19 лица загинаа, а 15 се повредени денеска кога два минибуса паднаа во иригационен канал на југот на Египет.

Нешто пред зора, возачите на двата минибуса кои превезувале луѓе кои се враќале од свадбена прослава, ја изгубиле контролата кога од спротивен правец се појавило возило.

Двата минибуса паднале во канал во туристичката област Луксор, а сите жртви се Египјани.