Најмалку 19 војници загинаа во Источна Украина

Најмалку 19 украински војници загинаа во изминатото деноноќие во судири во источните региони на државата, изјави денеска во Киев портпаролот на воените сили, Владислав Селезњов.

Во Минск денеска треба да се одржи средба на која лидерите на Германија, Русија, Франција и Украина ќе се обидат да стават крај на конфликтот.

Освен 19-те загинати, ранети се и 78 украински војници, прецизира Селезњов.

Петмина загинале во вчерашниот напад со артилериско оружје врз градот Краматорск. Вкупно 204 војници од украинската армија се заробени од сепаратистите. Следната размена на заробеници се очекува на 11 февруари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.