Најмалку 19 загинати во судири во Доњецк

Деветнаесет лица загинаа, а 31 е повреден последните 24 часа во судири во украинскиот град Доњецк.

Според медицински извори, девет луѓе, меѓу кои и три деца, нагазиле на мина во селото Берестовоје. Во инцидентот загинале две лица, а останатите се потешко повредени.

Во последните два дена украинските сили истрелале неколку балистички ракети во источниот дел од земјата, кој се наоѓа под контрола на проруските активисти.

Телевизијата Си-Ен-Ен оценува дека ова претставува „значајна ескалација“ во украинската криза.

Според медиумот, балистичките ракети со краток дострел можат да носат боеви глави до 450 килограми и имаат потенцијал да усмртат десетици луѓе.

Засега нема официјални реакции од Киев и Москва за оваа информација на американската телевизија, ниту пак од Вашингтон, кој силно ја поддржува украинската Влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.