Спорт

Најмалку 2,6 милиони евра заработка за Вардар од пласманот во Лига Европа

Најмалку 2,6 милиони евра заработка за Вардар од пласманот во Лига Европа

Шампионот на Македонија добро ќе ја наполни клупската каса по триумфот над Фенербахче во плеј-офот во Лига Европа, Вардар ќе инкасира најмалку 2,6 милиони евра.

По двојниот триумф од 2:0 во Скопје и 2:1 во Истанбул против далеку поскапиот и реномиран турски претставник Фенербахче, Вардар како прв македонски фудбалски клуб се пласирапе во групната фаза од Лига Европа.

Историскиот успех на Вардар ќе му донесе и одлична, самиот пласман веќе му гарантира заработка од 2,6 милиони евра.

Секоја победа во групната фаза ќе носи 360.000 евра, а секое реми 120.000 евра. Вардар, исто така, ќе добие и дел од колачот вреден 160 милиони евра, односно сумата од теелвизски права и спонзорски договори која УЕФА им ја дели на клубовите кои учествуваат во најмасовното европско натпреварување.

„Црвено-црните“ исто така ќе заработата и неколку милиони евра од продажба на билети, а веќе инкасираа милион евра, 580.000 евра за успехот против Малме и 420.000 евра за несреќната елиминација од Копенхаген во Лигата на шампионите.