Свет

Најмалку 20 повредени во земјотрес во Алжир

Најмалку 20 повредени во земјотрес во Алжир

Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер денеска го погоди Алжир. Во земјотресот има најмалку 20 повредени.

– Луѓето се повредиле кога во паника се обиделе да ги напуштат зградите кои се треселе, соопшти портпаролот на Службата за итни ситуации Фарук Ашур.

Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри југоисточно од главниот град на Алжир и бил со длабочина од  околу 10 километри.

За сега нема податоци за предизвиканата материјална штета.

Во земјотрес со јачина од 6,7 степени во 2003 година во Алжир загинаа 2000 лица.