Најмалку 20 загинаа од струен удар на карневал во Хаити

Најмалку 20 лица загинаа денеска од струен удар, кога електричен вод паднал врз бродче што учествувало во карневалот во престолнината на Хаити, Порт-О-Пренс, соопштија локалните власти.

Сведоци од местото на настанот наведуваат дека некој од бродчето со стап се обидел да го премести електричниот вод за да можеле луѓето да минат под него, пренесуваат американските медиуми.

– Од струјниот удар, што потоа следел, загинале најмалку 20 лица, додека 46 се повредени, изјави координаторот на Министерството за цивилна заштита на Хаити, Надија Локард.

До несреќата дошло во текот на карневалот што секоја година во центарот на Порт-О-Пренс собира повеќе илјади лица.

Бродчето на кое се наоѓале жртвите го спонзорирала локалната хип-хоп група „Барикад Кру“.