Најмалку 20 загинати во напад врз геј клуб во Орландо

Околу 20 лица загинаа во нападот врз ноќниот геј клуб „Пулс“ во Орландо, во американската сојузна држава Флорида, изјави началникот на полицијата во југоисточниот американски град, Џон Мина.

Тој додаде дека во нападот се ранети 42 лица и тие се однесени во болница.

Напаѓачот бил убиен од полицијата. Вкупно девет полицајци учествувале во престрелката со напаѓачот, при што еден од нив бил ранет во пределот на окото, но неговата состојба не е критична, пренесува МИА.

Напаѓачот, кој не бил од Орландо е пронајден мртвов со две рани од огнено оружје и со експлозивна направа.

Портпаролот на Федералното истражно биро го определи нападот како терористички. Властите се обидуваат да утврдат дали станува збор за домашен или меѓународен тероризам и дали напаѓачот дејствувал сам.

– Постои можност напаѓачот да бил исламист, додаде портпаролот на ФБИ.

Мажот отворил оган кон вработен во клубот, по што во два часот изутрината по локално време влегол во клубот и зел заложници. По околу три часа екипа на специјалните единици навлегле во објектот и се пресметале со напаѓачот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.