Балкан

Најмалку 20 жртви во поплавите во Србија и БиХ

Најмалку 20 жртви во поплавите во Србија и БиХ

Во поплавите кои ги зафатија Србија и БиХ животот го загубија најмалу 20 лица, соопштија властите во двете држави.

Во источниот босански град Бијелина денеска беа евакуирани околу 10.000 луѓе откако се излеа реката Сава.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ изјави дека се очекува уште еден бран поплави утре попладне и оти Србија е подготвена да се справи со него.