Свет

Најмалку 200 луѓе од Јужен Судан се удавија во Бел Нил

Најмалку 200 луѓе од Јужен Судан се удавија во Бел Нил

Најмалку 200 луѓе се удавија денеска во Бел Нил бегајќи од судири во Јужен Судан, изјави портпаролот на војската Филип Агер.

„Според извештаите кои ги добивме, меѓу 200 и 300 луѓе вклучувајќи деца и жени се удавија. Бродот беше пренатрупан,“ изјави Агер за АФП, оценувајќи дека луѓето бегале од судирите кои избија во Малакалу.

Во насилството кое во Јужан Судан трае од средината на декември, најмалку 1000 луѓе се убиени, а повеќе од 180 илјади луѓе останаа без дом.

Она што започна како борба за власт меѓу претседателот Салве Кира и водачот на бунтовниците и поранешниот потпретседател Ријека Мачара, набрзо се претвори во етнички судир на завојуваните племиња Динка на кои припаѓаат Кир и племето Нуер од каде што потекнува Мачар.

Населението на Јужен Судан, кое во 2011 година прогласи независност, со години трпи насилство поради жестоките судири за власт во Џуби и етнички тензии, а не се попорави ниту од повеќедецениските борби за независнсот од Картума.