Најмалку 21 цивил загина во воздушен напад врз Сирија

При напади на сириското Воено воздухопловство врз градот Ал Баб најмалку 21 цивил загинаа, а околу сто се ранети, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

– Хеликоптери на сириската армија синоќа исфрлија седум бомби и истрелаа три ракети врз градот, при што загинаа 21 цивил, меѓу кои и едно дете и една жена, се наведува во соопштението.

Градот Ал Баб кој се наоѓа во северна Сирија важи за едно од упориштата на групата Исламска држава, која котролира поголем делови на Сирија и Ирак. Сириската армија редовно врши воздушни напади врз деловите на земјата под конрола на џихадистите и на умерните бунтовнички сили. Во овие напади досега загинаа неколку илјади лица.