Најмалку 21 лице загинаа во пожар во кинески рудник

Во пожар што избувна во рудник за јаглен во североисточниот дел на Кина загинаа 21 луѓе.

Едно лице се води како исчезнато во пожарот што го зафати рудникот за јаглен во провинцијата Хелионџианг.

За време на инцидентот во рудникот имало 38 луѓе, а 16 успеале да го напуштат јагленокопот.