Најмалку 22 лица убиени во масакр во ДР Конго

конго

Според истиот извор, инцидентот се случил во градот Ерингети, каде во серија напади во последниве месеци загинаа 700 лица.

Претставникот на властите во Северен Киву, Амиси Калонда изјави дека маскрот е дело на бунтовничката група Обединети демократски сили (АДФ), чии припадници во најголмиот дел се радикални муслимани од Уганда, кои често вршат напади во пограничните региони меѓу двете земји.

Калонда нагласи дека сите жртви биле убиени со убоди од ножеви или мачети, што е карактеристично за ликвидациите што ги вршат припадниците на АДФ.

Во изминативе две години во судири и напади во Северен Киву загинаа неколку илајди цивили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.