Најмалку 22 верници загинаа во два бомбашки напада врз џамија во Нигерија

Две жени-самоубијци денеска активирале бомби во и пред џамија во нигерискиот град Маидигури, на североисток од земјата, притоа убивајќи најмалку 22 верници, изјави претставник на градот во кој е основано екстремното исламистичко движење Боко Харам.

Една бомба била активирана внатре во џамијата, а втората жена бомбаш се разнела пред џамијата, дочекувајќи ги оние кои се обиделе да избегаат, изјави координаторот на групата за цивилна самоодбрана.

– Во локалната болница во Маидигури се префрлени најмалку 17 повредени во експлозиите, изјави Абдул Мухамед од Државната агенција за безбедност.