Најмалку 22 загинати и над 270 повредени во експлозија на гас во Тајланд

Најмалку 22 лица загинаа, а над 270 се повредени во серија експлозии на гасовод во јужниот дел на Тајван, соопштија локалните власти.

Премиерот на Тајван Џијанг Ји-хуа, изјави дека се случиле најмалку пет експлозии.

Несреќата се случи во градот Каосиунг во јужниот дел на земјата.

Меѓу жртвите се и пет пожарникари, соопшти националната противпожарна служба.