Свет

Најмалку 22 жртви во тајфун на Филипини

Најмалку 22 жртви во тајфун на Филипини
Residents cover their nose from the smell of dead bodies in Tacloban city, Leyte province central Philippines on Sunday, Nov. 10, 2013. The city remains littered with debris from damaged homes as many complain of shortage of food, water and no electricity since the Typhoon Haiyan slammed into their province. Typhoon Haiyan, one of the strongest storms on record, slammed into six central Philippine provinces Friday leaving a wide swath of destruction and hundreds of people dead. (AP Photo/Bullit Marquez)

Најмалку дваесет и две лица загинаа по налетот на најновиот тајфун кој го погоди северниот дел на Филипините.

Поројниот дожд денес ги продлабочи последиците од поплавите во земјоделските и планинските области.

Во поплавите, лизгањето на земјиштето и во чамците на море загинале 22 лица, соопштија филипинските власти.

Повеќе од 200 села во земјоделските области се поплавени, а во некои области има повеќе од еден метар вода.

Тропската бура Копу ослабна и се пресели во област на Јужното Кинеско Море, но силниот дожд значително ја влошува ситуацијата во северниот дел на Филипините, каде десетици илјади луѓе се раселени.

Копу е вториот тајфун, кој ги погоди Филипините оваа година и кој загрози речиси 300 илјади лица на главниот остров Лузон, соопшти владината Агенција за управување на природни непогоди.