Свет

Најмалку 24 жртви при гранатирање на камион во Доњецк

Најмалку 24 жртви при гранатирање на камион во Доњецк

Најмалку 24 лица се убиени при гранатирање на камион со повредени опозиционери во Доњецк.

Камионот бил цел на напад со гранати. Сите што биле во камионот се загинати, а станува збор за најмалку 24 лица.

Информацијата за гранатирање на камион, што превезувал повредени луѓе во текот на борбите на аеродромот во Доњецк, е потврдена од прес-службата на самопрогласената Доњецка народна република.

Во меѓувреме во градот Мариупол било нападнато седиште на самопрогласената Доњецка народна република. Засега нема информации за жртви и повредени.