Најмалку 24 жртви во напад на ИД врз бегалски камп во Сирија

Најмалку 24 цивили и антиџихадистички борци се убиени во вторникот во самоубиствени напад на припадници на Исламската држава (ИД) во судирите кои следеле непосредно до бегалскиот камп на североистокот од Сирија, соопшти опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

Најмалку пет самоубијци на Исламската држава се разнеле во непосредна близина на ирачки бегалци и раселени Сиријци во покраината Хасака. Следеле престрелки со борците на бунтовничките Сириски демократски сили (SDF) при што загинале 24 лица, рекол за AFP, Рахман Анделархман, директорот на SOHR.

Сириските демократски сили е коалиција на арапските и курдски милиции, во која главна ударна сила се курдските Единици за заштита на народот (YPG). Овие сили дејствуваат главно на северот од Сирија, во близина на границата со Турција. Последните 18 месеци учествуваат, со поддршка на американски маринци и воздушните удари на меѓународната коалиција предводена од САД, во офанзивата за освојување на градот Рака, којашто е „престолнина“ на џихадистите во Сирија.