Најмалку 25 Палестинци загинаа во напади на израелската армија

Најмалку 25 Палестинци загинаа минатата ноќ во ракетни и артилериски напади на израелските сили во Појасот Газа, пренесе МИА.

Како што соопшти портпаролот на палестинската служба за брза помош Ашраф ал Кидра, синоќа при ракетен напад во реонот на градот Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, загинале најмалку 13 Палестинци, а околу 40 се ранти.

Други 12 лица загинале во текот на ноќта различлни напади низ целата територија на Појасот Газа.

Со најновите жртви, вкупниот број на загинати Палестиници од почетокот на израелската офанзива на 8 јули во Појасот Газа достигна 1.241, додека над 7.000 лица се повредени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.