Свет

Најмалку 27 лица загинаа во стампедо во Индија

Најмалку 27 лица загинаа во стампедо во Индија
Најмалку 27 лица загинаа во стампедо во Индија

Најмалку 27 лица загинаа, а 29 се повредени денеска во стампедо, кое е предизвикано од верници за време на Хинду верскиот фестивал на капењето во јужниот дел на Индија.

Инцидентот се случил при обид на верниците да си ги земат своите чевли кои во метежот паднале во светата река Годавари, додека десетици илјади лица се туркале за да стигнат и да се искапат во реката.

stampedo-indija1

Овој верски фестивал се одржува во градот Раџахмундри, во индиската држава Андра Прадеш, каде во текот на 12-дневниот фестивал во различни места долж светата река Годавари имало околу 24 милиони учесници.